ПРОТЕСТ ВО САРАЕВО: Вакцини не стигнуваат, епидемиолошката состојба катастрофална

Објавено во: Балкан 06 Април, 2021
Голем број
граѓани се собраа во Сараево да изразат револт, као што велат, поради ненабавката
на вакцини и загрозување на јавното здравје. Протестите се организирани преку
социјалните мрежи наречени „Борба за живот“, пишува Н1.
Граѓаните го блокираа главниот пат во близина на Парламентарното собрание на БиХ, а на властите им порачаа со транспаренти: „Заработете плата“, „ПЦР тест задолжителен за сите што влегуваат во БиХ“, „Доста е“, „Дали спиете мирно“.
Неформалната група „Борба за живот“ бара оставка или цврсти гаранции од раководството дека масовната имунизација ќе започне до крајот на април.
Списокот на барања на организаторите вклучува замена на стариот и назначување на нов состав на Советот на министри на БиХ и Владата на ФБиХ, кој има рок од 14 дена да излезе со јасен и реален план за управување со кризи и борба против пандемијата, како и итно воведување на ПЦР-тестови за сите што влегуваат во БиХ.
Одреден е рок од седум дена за исполнување на овие барања, односно до 13. април, бидејќи, како што наведуваат организаторите на протестот, секој ден е коцкање со животите на граѓаните.
ФОТО/ N1Можеби ќе ве интересира
Италијанци организирано преку агенција ќе доаѓаат да се вакцинираат во Србија

ШЕСТ НЕДЕЛИ ПО ВТОРАТА ДОЗА ДОБИЛА КОРОНА - српска водителка раскажува како и помогнала вакцината

СИТЕ ПРОТИВ ГЕРБ - ВАКА ИЗГЛЕДА НОВОТО МНОЗИНСТВО ВО БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, за претседател е избрана Ива Митева

СРПСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО: Нема ниту еден доказ дека вакцините можат да влијаат на стерилитет

Ројтерс: Грција го укинува карантинот за земјите членки на ЕУ, Израел, САД, Британија, Србија и ОАЕ

Двете високообразовни институции, СИТИ Колеџ и Универзитетот Јорк се обединуваат под заедничка цел и соработка за јавно, општо добро
Црна Гора во должничка криза - ЕУ нема да им помогне

Епидемиолошката состојба на Западен Балкан е оценета како многу сериозна

Во Србија почнаа со производство на руската вакцина Спутник
