24 Септември, 2020
0.0416

ПРОТЕСТ ВО ТЕТОВО ВО ЧЕТВРТОК: Револт од повисоката цена на струјата

Објавено во: Економија 04 Август, 2020

Граѓаните на Тетово за в четврток најавија протест на кој како што велат ќе го изразат револтот од одлуката на Регулаторната комисија за енергетија да се зголеми цената на струјата. Преку протестот ќе побараат да се укине регулаторното тело, за кое како што потенцираат од Иницијативниот совет на протестот, служи само за интересите на компаниите кои имаат бизниси со енергетика.

Инаку, претходно на зголемувањето на цената на струјата реакции имаше и од повеќе синдикати, здруженија, а реагираа и политичките партии, па така Коалицијата Алтернатива/Алијанса побараа намалување на цената веднаш.

- Бараме цената на електричната енергија да се намали за 20% најмалку, за да се олесни состојбата на граѓаните додека се уште трае кризата со корона вирусот, велат од Коалицијата Алијанса/Алтернатива.

Во текот на изминатата недела, РЕК одлучи цената на струјата да биде повисока за 7,4 отсто, а прва сметка со нова цена ќе биде добиена во септември. 


Можеби ќе ве интересира

САМО ВО АВГУСТ НОВИ ТРИ ИЛЈАДИ НЕВРАБОТЕНИ - еве што покажуваат најновите бројки на Агенцијата

САМО ВО АВГУСТ НОВИ ТРИ ИЛЈАДИ НЕВРАБОТЕНИ - еве што покажуваат најновите бројки на Агенцијата

МЕРКИТЕ ЌЕ БИДАТ И ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ - некои се познати, некои се нови

МЕРКИТЕ ЌЕ БИДАТ И ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ - некои се познати, некои се нови

Владата сака да гради пруга до Струга, а МЖ Инфраструктура не може да врати 10 милиони евра

Владата сака да гради пруга до Струга, а МЖ Инфраструктура не може да врати 10 милиони евра

Битиќи најави дека е можно ново задолжување за четвртиот сет мерки

Битиќи најави дека е можно ново задолжување за четвртиот сет мерки

Драстичен пад на доходот на домаќинствата: А колку ќе не сотре Ковид?

Драстичен пад на доходот на домаќинствата: А колку ќе не сотре Ковид?

ВО ИГРА Е И ДОМАШНА КОМПАНИЈА - неколку инвеститори сакаат да добијат статус на стратешки

ВО ИГРА Е И ДОМАШНА КОМПАНИЈА - неколку инвеститори сакаат да добијат статус на стратешки

НОВИ ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ НА АГЕНЦИЈАТА - дури 40 илјади луѓе останаа без работа од корона кризата

НОВИ ЗАГРИЖУВАЧКИ БРОЈКИ НА АГЕНЦИЈАТА - дури 40 илјади луѓе останаа без работа од корона кризата

РЕКОРДЕРИ ВО ЕВРОПА: БДП на земја од регионот отиде на дното

РЕКОРДЕРИ ВО ЕВРОПА: БДП на земја од регионот отиде на дното

НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот

НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот