25 Април, 2024
0.0291

ПРОТЕСТИРАА И ВРАБОТЕНИТЕ ВО КАБИНЕТОТ НА ПЕНДАРОВСКИ: Галерија од прекинот на работата по институции

Објавено во: Македонија 07 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Синдикатот на управата, правосудството и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска го реализираше најавениот протест со двочасовен прекин на работата во сите министерства, агенции, фондови, управи и судови каде имаат синдикални организации.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски во изјава за медиумите обелодени дека во одредени институции има притисок врз вработените поради што тие не се надвор од работните места, но се организирани и протестираат со прекин на работата внатре во институциите.

– Не бараме многу. Бараме линеарно зголемување за сите плати за 2.806 денари, исплата на минимална плата по закон и потоа корекција на платите на сите вработени кои треба да добијат над минималната плата. Ситуацијата не е одржлива. Сите вработени добија под минимална плата. Редно време е Владата да најде средства и да ги зголеми еднаш за секогаш платите во администрацијата, рече Деановски.

Ќе се протестира и утре со прекин на работата од 10 до 12 часот, а следните чекори Синдикатот ќе ги преземе во консултација со сите вработени.

– Нема да дозволиме ниту еден вработен да биде казнет. Сите понатамошни чекори на незадоволство ќе ги правиме на тој начин за ниту еден вработен да не биде засегнат со плата, бидејќи тоа се чека. Да излеземе на штрајк и потоа да ни ги скратат платите. Ако треба, ќе измислиме нови начини на прекин на работа само за да ги заштитиме вработените, рече Деановски.

Прашан дали е крајно време да се обединат сите синдикати во земјава како по примерот на Грција, Деановски рече дека се отворени за соработка, но дека споредба со Грција не може да се прави бидејќи таму има два синдиката – за јавен и за приватен сектор. Посочи дека имаат добиено многу пораки во кои другиот синдикат им вели на нивните членови да не излегуваат на протест бидејќи ќе бидат изиграни.

Според претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски, треба да се усогласат барањата на синдикатите.

– Барањата не се исти. Ние имаме барање за линеарно зголемување за сите вработени за 2.806 денари. Прво треба да ги усогласиме нашите барања, изјави Димовски.

Од Законот за административни службеници, кој е во собраниска процедура, не се задоволни ниту од Синдикатот на УПОЗ. Вчера незадоволство од овој закон изрази и Кондеферацијата на слободни синдикати

Фактор објавува фотографии од тоакако се реализира протестот. 

Два часа беа надвори членовите на УПОЗ во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски


Протестираа и членовите на Синдикатите во Јавните обвинителства


Во Агенцијата за Катастар и во Државниот завод за статистика


Двочасовен прекин на работата имаше во Основниот граѓански суд

Во некои Министерства

фото/ фејсбук УПОЗ


Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг