25 Април, 2024
0.0281

Противпожарната скала од 1,7 милиони евра на Шилегов го изгаси пожарот во „Рагуза“ на кровот од катната гаража „26 Јули“.

Објавено во: Македонија 08 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Со интервенција на противпожарната скала, за која опозицијата негодуваше дека е купена за скапоплатени 1,7 милиони евра, беше изгаснат синоќешниот пожар во ресторанот „Рагуза“ кој се наоѓа на кровот од катната гаража „26 Јули“ на улица Мито Хаџивасилев Јасмин во центарот на Скопје.

„Благодарение на брзата интервенција на скопските пожарникари екипирани со новата 45 метарска повеќенаменска противпожарна скала, пожарот што вечерва избувна во ресторанот Рагуза на покривот во катната гаража „26 Јули“ беше изгасен во најбрз можен рок.

Употребата на специјалната противпожарната скала беше клучно за брзо локализирање и ефикасно гаснење на пожарот на висока локација, а со тоа е спречено и негово проширување низ долните катови од катната гаража и предизвикување огромна материјална штета“, информираше Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје.

Од Град Скопје претходно рекоа дека се работи за софистицирана опрема со која може да се интервенира на објекти кои имаат повеќе од  5 ката и дека набавката е спроведена низ високо транспарентна постапка на меѓународен тендер кој траеше 6 месеци.

Пожарот подолго време не се смируваше во текот на ноќта и постојано се ширеше. Во катната гаража имаше и возила.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот