28 Март, 2024
0.0299

„Прототема“: Мицотакис за прв пат ќе се сретне со Заев на барање на западните престолнини

Објавено во: Балкан 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Денешното издание на „Прототема“ тврди дека новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис нема лична волја да се сретне со шефот на македонската Влада, Зоран Заев, следната недела на маргините од Генералното собрание на ОН во Њујорк, но дека тоа ќе го направи „на барање на западните престолнини“.

Првично, грчкиот премиер имал негативен став во врска со тоа да покаже добра волја и да прифати средба со Заев, според информациите што ги има весникот од палатата Максимос. 

„Се чини дека по препораките од западните престолнини, Киријакос Мицотакис размислува за втор обид за средба“, пишува „Прототема“.

Според извештаите, доколку се одлучи да се сретне со Заев, Мицотакис може да се состане и со неговиот албански колега, Еди Рама, за да обезбеди поширока политичка рамка за маневар. Средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веќе е договорена, додека се чека потврда од Белата куќа и за евентуален разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Повеќе грчки портали објавија дека наредната недела во Њу Јорк ќе се одржи првата средба меѓу премиерите на Грција и Македонија, Киријакос Мицотакис и Зоран Заев.Од македонската влада ниту ги потврдуваат, ниту ги негираат информациите на грчките медиуми.  Велат дека во моментот не би моижеле да ја кажат официјланата агенда на премиерот Заев, бидејќи подготовките за нејзино финализирање се во тек.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик