28 Март, 2024
0.0268

ДАЛИ НЕ Е СЕ ЗАВРШЕНО - Проширувањето е тема на прес конференцијата на Советот на ЕУ

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Не е се завршено, тврдат одредени извори во врска со малите надежи за земјава да стигне позитивна вест од Брисел. Според нив, треба да се почека да се види како ќе се развива денешниот ден. 

Според сајтот на Советот на Европа, за во 13 часот е закажана прес конференција, на која главни теми се Брегзит, како и проширувањето. Што ќе се каже на тој прес, ќе бидат вперени сите погледи во државава, која таму ги има последните надежи. Но, не е исклучено и на таа прес конференција да биде негативен исходот за земјава.

Инаку, утрово после 8.30 часот во салата на Советот пристигнаа лидерите на европските држави, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел, унгарскиот премиер Виктор Орбан, чешкиот премиер Андреј Бабиш, финскиот Анти Рине, премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов, а пристигна и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, како и новоизбраната претседателка на Европската комисија Урсула вон дер Лајен.

Претходно, голем дел од медиумите, повикувајќи се на сознанија и изјави, јавуваа дека надежите се навистина мали. Во одредени новинарски извештаи се наведува дека единствениот начин земјава да добие позитивен исход, е на денешниот состанок на лидери на држави и влади, да се раздвои од Албанија, но тоа, пак, е речиси невозможно, бидејќи за таа опција се противат голем дел од државите. Односно, две од трите држави, Холандија и Данска, кои го блокирале почетокот на преговорите на Македонија и Албанија, ја прифатиле компромисната варијанта да се отворат преговори само за земјава, но не и Албанија. Против идејата за раздвојување на државите биле Германија и Италија, кои сметаат дека треба да се отворат преговори со двете држави, а не само со една, односно нашата држава. Франција, пак, смета дека и двете држави треба да почекаат за преговори.

Инаку, лидерите синоќа доцна во ноќта ги прекинаа разговорите, и без договор за почнување преговори со Албанија и Македонија, и без многу оптимизам дека цврстиот став на францускиот претседател, Емануел Макрон, би можел да се промени.

„Ние не постигнавме заклучок за ова денес, но утре ќе продолжиме да разговараме за тоа“, изјави финскиот премиер Анти Рине. Дали има шанса да се најде комромис, рече дека не е сигурен дека е можно, но се надева дека може да се постигне договор.


Група земји-членки на ЕУ, пак, предводени од Словенија и Малта и поддржани од Бугарија, доцна синоќа го блокирале предлог-заклучокот составен од Ангела Меркел, Емануел Макрон и Доналд Туск, за одлагање на одлуката за отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија за на пролет.


„Кога предлогот бил ставен на маса пред сите лидери, жестоко се спротивставиле премиерите на Словенија и на Малта, Марјан Шарец и Џозеф Мускат, а ги поддржал и бугарскиот колега Бојко Борисов. Аргументот бил дека предлогот е исклучително лоша порака до Северна Македонија и до Албанија и дека не смее да помине. Поради тоа, рано изутрината Самитот беше прекинат без заклучок за проширувањето“, пишуваат дел од медиумите. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење