25 Април, 2024
0.0486

Прв Меморандум на бизнис заедницата со Владата за формално воспоставување дијалог

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Денеска, мај 9, 2018, на највисоко ниво за прв пат бизнис заедницата потпиша  Меморандум за формално воспоставување на јавно приватен дијалог со Владата на Република Македонија.

Меморандумот за соработка значи голем чекор во процесот на градење стабилна и плодна соработка помеѓу бизнис заедницата и Владата на Република Македонија, како и зајакнување на дијалогот меѓу јавниот и приватниот сектор, особено во делот на легислативата.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев истакна дека јавно приватниот дијалог овозможува структуриран пристап, со учество и инклузивност на главните засегнати страни во креирање на политиките во насока на реформи на владеењето и за реформи на амбиентот за создавање стимулативно деловно опкружување.

„Како Влада која промовира демократско и отворено владеење, сметаме дека само енергичен придонес на приватниот сектор во меѓусебниот дијалог, вашето учество во креирање политики, заложбата кон подобрување на квалитетот на претставувањето на бизнисот и усогласеност со демократските институции, можат да бидат предуслов за добро владеење и оддржливи реформски измени“, изјави Заев.

Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска ja истакна важноста од потпишувањето на меморандумот на бизнис заедницата со Владата на Република Македонија.

„За прв пат денес почнуваме нова страница за деловната заедница со потпишување на овој договор, со воспоставување формален механизам за рамноправно учество на Владата и приватниот сектор во јавно приватно партнерство и дијалог. Поставивме критериум за генерациите кои доаѓаат, а овој договор претставува форма преку која трајно ќе се унапреди институционалната соработка со цел развој на националната економија. За приватниот сектор овој успех е само почеток на напорната работа која предстои“, изјави Арсовска.

Едвард Гонзалес, директор на Канцеларијата за развој на УСАИД, Македонија во своето воведно обраќање истакна дека е зголемен дијалогот меѓу Владата на Република Македонија и приватниот сектор во последните месеци.

„Денешниот Меморандум е пример за зголемување на дијалогот, станува збор за договор помеѓу Владата на Република Македонија и четирите стопански комори кои ја претставуваат бизнис заедницата. Коморите поаѓајќи од заедничките интереси во застапување на компаниите заедно со Владата на Република Македонија ќе ги градат политиките кои ги засега секој сектор во стопанството, особено микро, малите и средните претпријатија, изјави Гонзалес и додаде дека заедничкиот дијалог и градење на консензус е вистинскиот прв чекор кој се очекува да даде позитивни резултати кои ќе ги олеснат регулаторните оптоварувања со кои се соочуваат компаниите и ќе го поттикне растот на приватниот сектор во Република Македонија.

Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ е спроведуван од Епи Центар Интернационал во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанска комoра на северозападна Македонија и МАСИТ.

Можеби ќе ве интересира

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив