29 Март, 2024
0.0260

ПРВ ОТКАЗ ОД РАБОТА ЗА НАСТАВНИЧКА-АНТИВАКСЕРКА, НЕ САКАЛА НИ ДА СЕ ТЕСТИРА, НИТУ ДА НОСИ МАСКА: Словенија почна да ги применува најстрогите казни

Објавено во: Балкан 25 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Наставничка во основно училиште во Марибор доби отказ затоа што одби да се вакцинира или да се тестира за „Ковид-19. Ова е прв таков радикален случај откако словенечката влада, поради ширењето на епидемијата ги заостри анти-ковид мерките.

Како што објавија словенечките медиуми, на неа од почетокот на училишната година привремено и била забранета работата, бидејќи одбивала да се тестира еднаш неделно, како и тоа да носи маска на час, што во Словенија, како и во сите останати земји е обврзувачко со одлука на Министерството за образование, пренесува Хина.

Наставничката има право на жалба на одлуката за престанок на работниот однос во рок од две недели. Медиумите известуваат дека наставничката била активна во антиваксерската група во Словенија, која неодамна упадна во студиото на информативната програма, барајќи да се прекине со „пропагандата“ на владината кампања за вакцинација, а независно од тоа,  во видео на Фејсбук таа ги убедува родителите да не ги испраќаат своите деца во „режимско и фашистичко училиште“.

Директорката на училиштето, Катја Прегл за весникот „Вечер“ изјави дека е отпуштена поради кршење на работните обврски, бидејќи одбила да носи маска во затворени простории и дека не ги исполнува т.н. ПВТ услови (прележани, вакцинирани, тестирани) што е обврска за вработените во училиштето.

Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар изјави на денот дека овој ПВТуслов веќе „дава резултати“, бидејќи бројот на новозаразени лица стагнира во последните денови. Тој најави дека оваа мерка и ќе се заостри, односно ќе има само услов ПВ (прележани и вакцинирани), која веќе се применува во државната администрација од 1 септември, а сега ќе се прошири во сите сектори ако бројот на новозаразени и на хоспитализирани лица, продолжат да расте.

Според одлуката во Словенија, вработените во потесниот дел на државната администрација мора, доколку не се заразиле со ковид-19 во последните шест месеци, да се вакцинираат со првата доза вакцина до 1 октомври, а втората најдоцна до 1 ноември. Доколку не го сторат тоа, нема да можат да работат во службените простории, освен ако не е технички и во согласност со нивното работно место да работат од дома, односно преку Интернет.


Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува