ПРВ СЛУЧАЈ НА ПОЧИНАТО ДЕТЕ ОД ВИРУСОТ ВО ХРВАТСКА: Причината е постковид синдром
Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2021
Прв случај на
починато дете во Хрватска е 11-годишното момче кое не се избори со болеста по
тешките компликации. Инфектологот Горан Тешовиќ од Заводот за инфективни
болести кај децата вели дека причината е посковид синдромот и засега не се знае
колкумина пациенти го имаат овој синдром, но се формира посебен систем во
Хрватска за да се утврди точниот број.
-Пред 4 дена 11-годишното момче било примено со темепратура, главоболка и болки во стомакот. Поради сомнеж на акутна абдоменална осотојба, задржано е на одделението за детска хирургија. По направените испитувања контатирано е дека има пореметување на работата на црниот дроб, бубрезите и сепса, па детето е преместено на интензивно лекување. Со оглед на наодите и вкупната состојба на детето, беше потребна респираторна и кардиоваскуларна поддршка, вели д-р. Роиќ од Инфективната клиника во Загреб и додава дека лекарите се сомневале на мултиоргански инфламаторен синдром, една од можните компликации на ковид 19.
Лекарите велат дека смртноста како последица од пост-ковид синдромот не е голема, но е опишана, а ова е првпат да заврши со смрт во Хрватска.
ФОТО/ Željko Lukunić/PIXSELL