19 Април, 2024
0.0244

Прв состанок на работната група за изготвување на Стратегија за транспарентност

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

На 10.06.2019 во просториите на Владата на Република Северна Македонија се одржа првиот состанок на работната група за подготовка на Стратегија за транспарентност. На состанокот учествуваа организации кои дејствуваат во ова поле и можат да ја понудат својата експертиза меѓу кои и Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Фондацијата Отворено општество – Македонија, како водечки организации низ целиот процес заедно со Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

Воведни обраќања имаа Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, директорот за партнерства и развој на ресурсина Фондација за интернет и општество Метаморфозис Филип Стојановски, извршната директорка на Фондација Отворено општество - Македонија Фани Каранфилова-Пановска, и меѓународната експертка за транспарентност Вероника Крету, по што следеше презентација на работниот план и кратка дискусија.

Филип Стојановски, истакна дека според резултатите од Регионалниот индекс за отвореност за Северна Македонија (opennessindex.actionsee.org – дел од регионален проект на Фондацијата Метаморфозис поддржан од ЕУ) постојат многу значителни разлики помеѓу институциите во врска со нивната отвореност и транспарентност што се должи на фактот дека примената на добрите практики за транспарентност најчесто зависи од добрата волја и посветеноста на министрите како и другите раководни лица. Поради тоа, како што истакна Стојановски, се јавува потребата за системски пристап за изнаоѓање на решение кое нема само да се фокусира на идентификување и реплицирање на добрите практики, туку и на целосниот процес и можностите кои ги има Република Северна Македонија.

Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност во Владата на Република Северна Македонија, Роберт Поповски, потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се обезбеди поддршка за креирање и имплементација на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година