28 Март, 2024
0.0278

Прв состанок на Северна Македонија со членките на НАТО како полноправна членка

Објавено во: Македонија 02 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска ќе учествува на состанокот на НАТО, на покана на генералниот секретар Јенс Столтенберг и ова ќе биде прво учество на земјава на едно заседание на Алијансата како полноправна земја членка на Северноатлантскиот пакт.

Во соопштението се наведува дека по официјалното зачленување на Република Северна Македонија во НАТО на 27 март 2020 година и по свеченоста во Брисел каде беше подигнато македонското знаме пред седиштето на НАТО, денешниот состанок на Димитров е прв работен настан на министерот на кој тој активно ќе учествува во дискусијата по приоритетните прашања и активности на Алијансата

Поради пандемијата на коронавирусот, состанокот ќе се одржи преку видеоконференција, но, Столтенберг, вчера изјави дека на земјава ќе и биде посакано добредојде како триесетта земја членка“.

На состанокот, фокусот ќе биде ставен на неколку теми, пред се на координирање на помошта во борбата против пандемијата со коронавирусот и ќе бидат претставени мерките што НАТО и нејзините членки ќе ги преземат за време на кризата

– Ова е глобална здравствена криза. Нашите мисли се со сите жртви на пандемијата и нивните блиски. Им благдариме на сите оние што се во првите линии – здравствените работници, поддржани со цивилни напори. НАТО има своја улога да помогне во оваа борба со невидливиот непријател, рече Столтенберг.

Учесниците ќе разговараат и за основните операции и мисии на Алијансата, како што се борбата против тероризмот, и мировниот план за Авганистан.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија