Прва банка од Србија излегува на Европски пазар: AIK“ банка купи европска банка
Објавено во: Економија 22 Март, 2019
„AIK“ банка успешно ја заклучи постапката за преземање на мнозинскиот пакет акции на Горењска банка. Со преземање на 90,11% од акциите, стана нов сопственик на оваа словенечка банка.
Со јакнење на позицијата во регионот, „AIK“ банка ја зацврстува положбата и воедно добива можност заедно со Горењска банка, да им нуди на клиентите квалитетен сервис и во Европската униоја.
Од друга страна, како стратешки инвеститор, „AIK“ банка ќе го поддржува развојот на Горењска банка во силна регионална банка присутна на целиот пазар во Словенија, истакнала претседателката на Извршниот одбор на „AIK“ банка и претседателка на Надзорниот одбор на Горењска банка Јелна Галиќ, пренесуваат српските медиуми.
Горењска банка и „AIK“ банка во 2019 година планираат развој на нови производи и заеднички услуги за комитенти. Како резултат на оваа соработка, словенечките предузимачи, кои работат на српскиот пазар веќе имаат на располагање посебно поволни тарифи, а истото важи и за српските фирми кои работаат во Словенија. Без провизија комитентите може да користат банкомати на двете банки во двете земји, Словенија и Србија.
Фото: Танјуг