28 Март, 2024
0.0247

Првата година од Академската пракса во „Аџибадем Систина“ заврши успешно: Проектот продолжува и следната година

Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

На 9 ноември 2020 година Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во соработка со Факултетот за медицински науки при УГД Штип започна проект „Академска пракса Аџибадем Систина“ со кој студентите од факултетот имаа можност за следење на практична настава во болницата. Денес, на 11 јуни завршува првата година од успешно реализираната соработка.

„Проектот се реализираше и подобро од што очекувавме и некои од дипломираните студенти веќе станаа наши колеги – доктори, праксата ја спроведовме токму во година на корона пандемија кога студентите немаа можност преку практична настава да ги комплетираат студиите и затоа Клиничката болница „Аџибадем Систина“ им излезе во пресрет и покажавме со пример што значи едно јавно приватно партнерство без бенефит за никој друг освен за студентите. Болницата во соработка со УГД Штип со оваа пракса ќе продолжи и следната година и се надевам дека ќе прерасне во традиција. Студентите беа пречекани и едуцирани од врвни професионалци и можеа практично да следат интервенции и да се уверат дека можности и услови како во најсовремените европски болници постојат и кај нас. Огромна благодарност до ректорот на УГД Штип, проф. Блажо Боев и на претседателот на бордот на директори на „Аџибадем Систина“, г-динот Јордан Камчев“, посочи д-р Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија и професор на Факултетот за медицински науки при УГД Штип. 

Деканот на факултет за медицински науки проф. д-р Милка Здравковска потенцираше дека обуката со која се стекнале студентите во „Аџибадем Систина“ е огромно значење за нивниот понатамошен професионален ангажман.

„Огромна благодарност до менаџментот на „Аџибадем Систина“ и на целиот персонал на болницата за успешно спроведување на практичната настава и прифаќањето на студентите од VI година за пракса која е во согласност со студиската програма за општа медицина 11 и 12 семестар нема предавања и акцентот е ставен на практичната обука на студентите која претставува врв на нивното школување и со тоа ги завршуваат студиите по општа медицина“, истакна проф. д-р Здравковска. 

Над 100 студенти од шеста година на Факултетот за медицински науки имаа можност во изминатите месеци да ротираат низ одделите интерна медицина, хирургија, педијатрија и гинекологија и акушерство, дерматовенерологија, онкологија, радиотерапија, оториноларингологија и дијагностичка и интервентна радиологија.

Менаџментот на болницата е особено горд на успешно реализираниот проект кој е пионерски во државата, но и во регионот. Како најголема и најсовремена приватна клиничка болница докажавме дека покрај континуираното вложување во најнапредна медицинска технологија од огромно значење за нас е и вложувањето во кадарот, особено младите кадри на кои им е неопходна практична поткрепа на нивното теоретско знаење.

ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!