25 Април, 2024
0.0398

Прва обвинителка од СЈО чие име беше спомнато во снимките за „Рекет“ денес на распит во ЈО

Објавено во: Македонија 13 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Лиле Стефанова е првата обвинителка од СЈО која ќе даде исказ во врска со случајот „Рекет“.

Таа денеска треба да се појави на сослушување, а нејзиното име беше спомнато во првата аудио снимка за случајот Рекет во кој засега двајца осомничени се во притвор.

Стефанова по појавата на нејзиното име во една од аудиоснимките реагираше вака:

– “Целосно е невистинито искажувањето на осомничениот Јордан Камчев во објавената снимка во која си дозволил да го употреби моето име. Сметам дека целта на ова изнесување е да ме дискредитира како обвинител, кој ја води постапката против него, особено што го снимал разговорот со лицето Бојан Јовановски, наведува во изјавата објавена на веб страницата на ЈОНСК, во која наведува дека како предметен обвинител за предметот „Империја“, кој засега е во центарот на вниманието и околу кој кружат голем број шпекулации, смета дека неопходно е во јавноста да изнесе одредени информации, токму во насока на спречување на таквите шпекулации“.

Цветанова во соопштението посочува дека во месец август 2018 година, осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделески се обиделе да извршат влијание врз предистрагата што во тој период била насочена против нив и други лица, користејќи го нејзиното познанство со господинот  Ванчо Чифлиганец.

– За оваа ситуација јас на состанок  ја известив Катица Јанева и присутните обвинители, а исто така го известив и мојот тим на истражители. На средбата што се одржа во просториите на Специјалното јавно обвинителство, господинот Ванчо Чифлиганец се обиде да добие информации за постапката за „неговите пријатели“, Цветан Панделески и Јордан Камчев. На господинот Чифлиганец  јасно му ставив до знаење дека не доаѓа предвид да разговараме што било во врска со предметот.  Целосно е невистинито искажувањето на  осомничениот Јордан Камчев во објавената снимка во која си дозволил да го употреби моето име.  Сметам дека целта на ова изнесување е да ме дискредитира како обвинител кој ја води постапката против него, особено што го снимал разговорот со лицето Бојан Јовановски, истакнува во изјавата Стефановска.

Таа додава дека во понатамошниот тек на постапката, повеќе ниту едно лице од неа лично не побарало ништо во врска со овој предмет, ниту пак и било познато дека такви барања се насочени кон Катица Јанева.

– Во втората половина на месец декември 2018 година, јас лично како предметен обвинител изразив несогласување со одлуката на Катица Јанева на осомничените во предметот „Империја“, мерката притвор да им биде заменета со мерка куќен притвор. Сметав дека куќниот притвор не може да ги спречи осомничените лица да влијаат на истрагата што се покажа како точно, имајќи ги предвид сега објавените снимки. Во месец март 2019 година, јас не се согласив и со одлуката на Катица Јанева да биде дадена согласност за издавање времена патна исправа на осомничениот Цветан Панделески, но и покрај моето спротиставување, таква согласност беше дадена, истакнува Стефанова.

Додава дека одлуката да биде дадена согласност за издавање на времена патна исправа на осомничениот Камчев, Јанева ја донела во време кога користела годишен одмор и за истата не ја известиле. – За оваа одлука, истакнува, дознав од обвинителката Елизабета Јосифоска, кај која било донесено на потпис писмено изготвеното мислење.

Како што наведува Стефанова во изјавата, на 16 април 2019 година, во канцеларијата на Јанева е одржан состанок на кој, како што вели, таа изнесе одредени одлуки пред присутните обвинители, а кои се однесуваа на дејствија во предметите „Империја“ и „Поштенска банка“.

– Конкретно, потенцира, ни беше наложено, најдоцна до 6 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата во двата предмет што осомничените траба да ја платат на државата, по што предметите „да бидат тука затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“. Меѓутоа, јас и обвинителот Бурим Рустеми изготвивме писмени извештаи во кои покрај износите на штетата, ги наведовме и можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител. Дополнително, за предметот „Империја“ потенцирав дека е во многу рана фаза за евентуално спогодување и дека истрагата треба да продолжи во следниот период, вели Стефанова. 


Можеби ќе ве интересира

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство