ПРВИ ДВА СМРТНИ СЛУЧАИ ОД ОМИКРОН ВО ЦРНА ГОРА - не биле вакцинирани
Објавено во: Балкан 19 Јануари, 2022
Два смртни случаи се регистрирани во Црна Гора поради инфекции со омикрон сојот на коронавирусот, изјави директорката на ЦК на Црна Гора, д-р Љиљана Радуловиќ.
Како што рече, станува збор за двајца пациенти кои починале минатата недела. Тие имале околу 70 години и имале претходни срцеви хронични заболувања. И двајцата, посочува, биле невакцинирани.
Видот Омикрон, посочи таа, е доминантна причина за хоспитализација.
„Од друга страна, анализите утврдија дека 70 отсто од пациентите кои имаат омикрон, а пред седум дена беа животно загрозени, сега се на добар пат кон закрепнување или веќе се на домашно лекување. Оваа информација ни кажува дека омикрон е поблага варијанта во случај на болничко лекување, отколку делта сојот“, рече Радуловиќ, пренесува Телеграф.
Во моментов, од 40 опасни по живот пациенти во КЦЦГ, околу 85 отсто се невакцинирани граѓани.