29 Март, 2024
0.0301

Први официјални македонско - јапонски бизнис средби

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Македонски и јапонски компании од областа на: металната индустрија, енергетиката и животна средина, градежништвото, хемиската индустрија, прехранбената индустрија, ИТ-компании и компании од областа на финансиите и осигурувањето, во Стопанската комора на Македонија одржаа деловни средби со цел воспоставување идна соработка. Ова е прва официјална бизнис делегација која доаѓа во нашата земја за да реализира бизнис активности со домашните компании.

Во официјалниот дел на овој настан пред повеќе од 50-тина бизнисмени од двете земји, свое обраќање имаа претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, како и Такуро Нозава, директор во Јапонската надворешно-трговска организација (JETRO), која е задолжена за промоција на јапонската трговија и инвестиции.

Во името на Комората претседавачот на Собранието, Антони Пешев, изрази задоволство што јапонските компании се гости на најголемата бизнис асоцијација во државава. -Јапонија е пријателска земја на нашата држава и истата активно ја поддржува нашата земја, посочи Пешев. На полето на економската соработка досега има обезбедено над 272 милиона евра грантови за здравството, образованието и развојот на локалните заедници, како и близу 100 милиони евра кредити за развој на инфраструктурата. За техничка поддршка преку програми за размена на експерти и обуки обезбедени се над 47 милиони евра и над 500 стипендии за постдипломски студии, истражувања, обуки и јакнење на капацитетите.

Претседавачот на Собранието на Комората исто така посочи дека добрата меѓувладина соработка, за што потврда е и отворањето на македонската Амбасада во Токио во 2015 година и отворањето на јапонската Амбасада во Скопје во 2017 година, треба во иднина да се ефектуира и во подобрени економски резултати, бидејќи истите се на незадоволително ниво.

Господинот Нозава се заблагодари на амбасадорката на Јапонија во нашата држава, Н.Е. Ханеда, за организацијата и поддршката во реализацијата на активностите поврзани со деловните средби. Тој истакна дека ова е прва официјална делегација во посета на нашата држава, составена од 17 членови кои во претходните денови имале прилика од страна на владини претставници на највисоко ниво да се запознаат со условите што ги нуди државата на странските инвеститори. Тој исто така ја претстави јапонската компанија „Writerity“, Inc., која работи во Македонија од 2017 година и развива веб-апликации и нуди услуги од областа на ИКТ, првенствено наменети за јапонскиот пазар, како и за други држави од Далечниот Исток (на пример, Филипини и Бангладеш).

Стопанската комора на Македонија, во соработка со јапонската Амбасада во Скопје организираше и реализираше посети на компаниите „Алкалоид“ АД - Скопје, „Раде Кончар – ТЕП“ ДООЕЛ - Скопје и „Сеавус“ ДООЕЛ  - Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?