ПРВИ СЕ ПОСОМНЕВАЛЕ ВОСПИТУВАЧКИТЕ - во град на Балканот мало момче каснато од пајакот црна вдовица
Објавено во: Балкан 25 Октомври, 2021
Четиригодишно момче од хрватскиот град Каштели мораше да прима лекарска помош во сплитскиот КБЦ, поради каснување од пајак црна вдовица.
Болното каснување, како што дознава хрватскиот портал Далматинскипортал.хр, детето го добило за време на детската игра додека бил во градинка, а први во тоа се посомневале воспитувачките.
Момчето почувствувало грчеви и гадење, а му се гледал и убодот, по што веднаш било пренесено во болница, каде што добило противотров.
Како што дознава порталот, за среќа се поминало во ред, а момчето сега се чувствува добро.
Црната вдовица, за потсетување, е еден од најотровните пајаци во светот.