28 Март, 2024
0.0245

Првични предвидувања на ФАО за годината што следи: Понудата на житарици ќе ги намали рекордно високите цени

Објавено во: Мои пари 03 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Индексот на ФАО за цените на храната се задржа стабилен во април, со просек од 173,5 поени за месецот, за степен повисок од тој во март и за 2,7 проценти повисок во однос на истиот месец 2017 година.

Цените на житариците и млечните производи го продолжија нивниот неодамнешен тренд на пораст, додека оние на шеќерот продолжија да опаѓаат. ФАО, исто така, ги објави своите првични предвидувања за сезоната 2018/19, предвидувајќи пад на глобалното производство на житни култури и резерви, од кои и двете бележеа рекордни нивоа.

Година понапред

Раните предвидувања за глобалните пазари на житни култури во годината што следи се поволни, и покрај прогнозираниот пад, според новиот извештај на ФАО за Понуда и побарувачка на житарици, објавен денеска.

Глобалното производство на житни култури во 2018 година се очекува да падне на 2 607 милиони тони, околу 1,6 отсто помалку од рекордната жетва во 2017 година.

Падот најмногу се должи на очекуваниот пад во производството на пченка, особено во САД. Намаленото производство на пченица во најголем дел е поврзано со очекуваниот пад во Руската Федерација по исклучително високите количини произведени претходната година. Во меѓувреме, ФАО дава приближни предвидувања дека светското производство на ориз ќе се зголеми за 1,3 отсто и ќе достигне 510,6 милиони тони, поставувајќи нов рекорд, првенствено поради зголеменото одгледување во Азија.

Што се однесува до употребата на житарици, новата прогноза на ФАО - и за храна и за добиточна храна - исто така укажува на највисоко ниво од 2 626 милиони тони. Тоа се одразува на проектираното зголемување на искористувањето на оризот во светски рамкиза 1.0 проценти, зголемување на глобалното искористување на пченицата од 0,8 проценти и зголемување на вкупната искористеност на сурови зрна за 0,4 проценти, од кои искористувањето на пченката за добиточна храна се очекува да се зголеми за 2,8 проценти, на нови  615 милиони тони. Најголемото годишно зголемување на употребата на пченка за добиточна храна е предвидено во Кина и Јужна Америка.

Како резултат на тоа, ФАО очекува светските резерви на житни култури кон крајот на сезоната во 2019 година да паднат за 2,7 отсто, додека паксоодносот помеѓу светските резерви и вкупното производство нажитни култури и нивната вкупна искористеност да се намали на 27,2 отсто, што е помалку од 16-годишното високо ниво од 28,8 отсто во 2017/18, но многу над историскиот минимум од 20,4 проценти регистриран во 2007/08 година.

Првичната прогноза на ФАО за меѓународната трговија со житни култури во годината што следи е фиксирана на 406 милиони тони, што значи само 0,6 отсто пад од највисоката очекувана за тековната сезона.

Ценовни трендови

Индексот на ФАО за цените на житни култури се зголеми за 1,7 отсто во април, што е четврти последователен месечен пораст, и сега е 15,4 отсто над неговата вредност пред една година. Цените на пченицата беа под влијание на климатските ризициво САД, додека намаленото производство предизвикано од суши во Аргентина и пониските количини насади во САД ги зголемија меѓународните цени за пченка. Цените на оризот исто така се зголемија.

Индексот на ФАО за цените на млечните производи се зголеми за 3,4 проценти од март, како одраз на силната побарувачка за сите производи од млеко, како и загриженоста за можностите за извоз во Нов Зеланд.

Индексот на ФАО за цените на храната е мерка за месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница.

Пад беше забележан во април на тридруги под-индекси. Индексот на ФАО за цени на растително масло е намален за 1,4 проценти од март, додека индексот на ФАО за цените на месото е намален за 0,9 проценти.

Индексот на ФАО за цените на шеќерот падна за 4,8 отсто во април од претходниот месец, продолжувајќи со намалувањето што започна во декември минатата година, а во просек е за 24 отсто понизок од април 2017 година. Пониските цени се одраз на вишокот понуда како резултат на рекордото производство во Тајланд и во Индија, вториот најголем светски производител на шеќер, како и девалвацијата на валутата на Бразил, најголемиот светски производител.

Поврзани линкови:

FAO Food Price Index

FAO Cereal Supply and Demand Brief

World Food Situation

AMIS-Agricultural Market Information System

AMIS-Market Monitor


Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија