24 Април, 2024
0.0451

Првиот битолчанец заболен од корона вирусот порачува да не му се верува на првото тестирање

Објавено во: Македонија 28 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Докторот Христијан трпчевски е првиот битолчанец кој официјално бе заболен од корона-вирусот. Верува дека се заразил додека лекувал некој од пациентите. На сограѓаните им порачува да бидат упорни ако ги имаат симптомите и да не му веруваат само на првиот направен тест. Дури и ако тој биде негативен, да продолжат со тестови во самоизолација.

„Ми фрливте анатема за корона вирусот, ме издвојувате од заедницата и ме предавате на милост или божји суд .Читам најразлични коментари од исмејување, цинизам, па дури и непристојности. Ги ширите вашите негативни коментари побрзо и од корона вирусот, а некои и дури како да чувствуваат задоволство.

Ќе ви раскажам што всушност се случи, како поука за секого и пример како да се однесувате ако се посомневате дека сте го добиле овој вирус. Нормално во епидемиолошката анкета треба ретроградно да го вратите филмот со кој сте контактирале, кај сте биле, со кого сте се задржале повеќе од 15 минути итн.
Во последните 60 дена знам дека мојата релација на движење била Болница „Плодност“- дома и обратно (едната од другата раздалечени најмногу 300метри) и никаде на друго место.

Тоа значи дека вирусот е добиен од некоја пациентка која била на преглед и покрај почитувањето на сите епидемиолошки мерки во нашата болница (дезинфекција на раце, носење маски и визири и да не зборувам за нон стоп бришењето на подовите и другите површини со дезинфекциони средства).

Патем да споменам дека последните 3 недели значајно ги редуциравме прегледите интервенциите и операциите (освен итните) но не и раѓањата. Се правеше строга контрола на пациентките, влегуваа без придружба на влезот, задолжително вршеа дезинфекција на рацете а на подот за дезинфекција на чевли е поставен специјален бришач со хемиски средства ,без никаква посета на стационираните пациентки.

Во еден ваков амбиент некој асимптоматски носител може да го пренесол вирусот и не постои начин како да се одбраните, а кога ќе го добиете наместо да се браните од вирусот кога ви е најтешко, Вие се браните од коментарите на сите оние кои се завидливи и злонамерни.
Пред 6 дена во неделата почувствував малаксалост и мал напад на треска кој траеше 30 мин .Имав температура 38. Ја купирав со Парацетамол. Наредниот ден утрото инсистирав да ми се направи тест за присуство на корона вирус. Тестот беше направен и беше негативен.

Наредниот ден трет по ред, повторно добив температура 38.5 со трески малаксалост и болки во мускулите, истите поминаа со парацетмол и траеја 1 час. Ден четврти бев во одлична здравствена состојба без трески и температура но останав во домашен карантин. Петтиот ден добив температура 37.5 без трески без кашлица, со чувство на слабост на организмот(типична грипозна состојба). Тоа траеше само половина час. Чувството дека мора да исклучам евентуално постоење на корона вирус ме натера да одам во Филип Втори каде ми е земен брис од нос и грло кога се покажа дек сум корона позитивен. На шестиот ден немав никакви симптоми и тегоби. Сега доаѓам и до заклучокот дека ако не инсистирав на второто тестирање за КОВИД19 (а имав оправдување дека имав негативен тест), ќе поминеше како грип.

Од сево ова почитувани сограѓани извлечете заклучок: Колкава била мојата совест за да спасам многу луѓе и пациенти со кои би се среќавал во текот на денот. Мој совет за сите Вас – со оглед на тоа дека болеста има 4 клинички слики (лесна средна тешка и најтешка) при најмал сомнеж за добивање на овој вирус, бидете упорни, тестирајте се, за да исклучите негово постоење. Само така ќе спасите многу животи. Јас се тестирав и покрај тоа што ми е лекарска обврска да спасувам животи, спасив многу животи на поинаков начин“, гласи денешниот статус на докторот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП