28 Март, 2024
0.0253

Првиот човек на Комерцијална банка, Костов, купи нови 3.500 акции на банката

Објавено во: Финансии 05 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Првиот човек на Комерцијална банка Хари Костов купил 3.500 обични акции од банката.

За оваа информација банката ја извести инвеститорската јавност преку Македонската берза. 

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор, се стекна со 3.500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во објавената ценовно чувствитерлна информација. 

Овој чин следува откако Советот на Народната банка донесе Одлука за укинување на привременото ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.

Со овие новокупени акции Костов зголемува својот и акционерски капитал во Комерцијална банка.

Инаку, Комерцијална банка ги информираше акционерите дека Надзорниот одбор на Банката, врз основа на член 7 од Одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020, донесена од Собранието на Комерцијална банка, донела Одлука за утврдување точни датуми на исплата на дивиденда за 2020 година, согласно која е утврден следниот ДИВИДЕНДЕН КАЛЕНДАР за датумите на исплата на дивиденда за 2020 година:

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 09.08.2021 година. 

Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2020 година е  10.08.2021 година.

Датумот на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2020 година, е 11.08.2021 година.

Исплатата на дивиденда за 2020 година ќе започне на 24.08.2021 година.

Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните сметки во Комерцијална или во друга банка.

Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок. 

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка