24 Април, 2024
0.0268

Првиот Изложбен центар за електрична енегија – „Матка“ дел од туристичка понуда на Градот Скопје

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Изложбениот центар „Матка“ станува дел од официјалната туристичка понуда на градот Скопје. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер потпишаа Меморандум за соработка меѓу Градот Скопје и ЕВН Македонија, со што овој центар, прв од ваков вид во Македонија и регионот, ќе добие поголема промоција и ќе ја збогати туристичката понуда на Скопје.

„Град Скопје постојано работи на создавање нови содржини што ќе го поттикнат локалниот економски развој и ќе ја збогатат туристичката понуда. Соработката со приватниот сектор во овој процес е од исклучително значење. Оттука, оформувањето на Изложбениот центар „Матка“ ја збогати целокупната туристичка понуда на Градот, а со тоа Матка покрај природните и историски убавини, станува и дестинација за поинаков тип на туризам. Ние продолжуваме да работиме на поттикнување и создавање на нови урбани содржини кои ќе му дадат на Скопје дополнителен модерен лик“, истакна Шилегов.

Изложбениот центар „Матка“, е сметен во автентичната зграда на старата хидроцентрала во Матка која датира од 1938 година, и има огромно историско значење за растот и урбанизацијата на Градот Скопје.

„Наша цел е да реализираме проекти кои се релевантни и потребни во општеството. Фокусирани сме на развој на трајни вредности кои имаат долгорочни позитивни ефекти за целокупната заедница, особено во делот на поддршката на едукативниот процес. Наша цел е да креираме нови генерации на млади со соодветни вештини и знаења, посебно во делот на техничките науки како растечка потреба во Македонија и во светот. Изложбениот центар „Матка“ со неговата богата и модерна едукативна содржина  го нудиме на користење на македонскот образовен систем и ќе бидеме среќни доколку секој ученик во Македонија има можност да го посети центарот“ истакна Петер.

Благодарност до ЕВН за оформувањето на изложбениот центар „Матка“ изрази градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети. Тој најави заедничка работа со Град Скопје на проекти со кој ќе се подобри инфраструктурата и ќе се олесни пристапот до локалитетот Матка.

Во изложбениот центар „Матка“има околу 30 експонати кои со мултимедијален и интерактивен пристап на посетителите им овозможуваат да се стекнат со нови знаења за електричната енегија. Претставници на неколку универзитети во Македонија, на средни и на основни училишта, како и претставници на Бирото за развој на образованието, потпишаа Иницијатива за користење на Изложбениот центар „Матка“ во едукативни цели, во насока на унапредување на образовниот процес.

Досега над 8.000 посетители го посетија центарот. Сите информации и содржини се достапни на македонски, албански и на англиски јазик. Изложбениот центар „Матка“ е добитник на наградата „Музеј на годината“ која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија, а минатата година ја доби и националната награда за општествена одговорност, што ја доделува Министерството за економија.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка