20 Април, 2024
0.0249

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ РЕИНВЕСТИРАЛЕ ДУРИ 107 МИЛИОНИ ЕВРА - Профитите на компаниите остануваат во земјава

Објавено во: Финансии 31 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Странските инвеститори кои работат во земајва се повеќе се одлучуваат својата добивка која ја остваруваат во земајва, водено и да ја реинвестираат, што значи таа ќе биде зачувана во земјава. 

Ова всушнот го покажува трендот на странските директни инвестиции во земјава, што може да се забележи од фактот дека од вкупно 126 милини евра инвестиции во земајва, дури 107,2 милини евра се реинвестирана добивка. 

Сосема легитимно се поставува прашањето, дали трендот на вложување на странските инвеститори ќе биде зачуван и оваа година? 

Најновите податоци кои ги објави Народна банка на Македонија, покажуваат дека во првите три месеци од годинава во нашата земја вкупните директни инвестиции надминале 126 милиони евра. 

Во текот на првиот квартал од 2023 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 126,5 милиони евра, како резултат на реинвестираната добивка (107,2 милиона евра) и зголемените инвестиции во сопственичкиот капитал (44,7 милион евра), додека кај меѓукомпанискиот долг се остварени нето-одливи (од 25,5 милиони евра) - пишува во соопштението на НБРМ. 

Како што може да се забележи од нивната табела, првиот квартал годинава е за нијанса послаб од минатогодишиот пласман на директни инвестиции. 

Како што појаснува НБРМ податоците за трансакциите на директните инвестиции ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти. Должничките инструменти ги опфаќаат средствата и обврските од/кон поврзаните претпријатија во странство врз основа на заеми на меѓусебно поврзани субјекти, трговски кредити и аванси на меѓусебно поврзани субјекти и средства и обврски врз основа на останати должнички инструменти на меѓусебно поврзани субејкти.

Податоците за трансакциите на директните инвестиции се прикажуваат според пазарната вредност.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин