Првиот посетител на Трамп, Емануел Макрон со симболичен подарок за претседателот на САД
Објавено во: Свет 22 Април, 2018
Францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе му подари симболичен еколошки подарок на неговиот американски колега следната недела кога ќе допатува во САД. „Асошиејтед прес“ наведува дека тој ќе му подари на Доналд Трамп садница даб.
Елисејската палата соопшти дека Макрон се надева дека дрвото ќе биде засадено во Белата куќа.
Макрон е првиот државник кој ќе престојува во државна посета на САД од почетокот на мандатот на Трамп. Исто така Трамп е првиот претседател на САД во последните речиси 100 години чија прва година од мандатот завршува, а нема примено ниту еден странски лидер во државна посета.