ПРВО ДЕТЕ заразено со коронавирус во Италија: Непознато зошто децата поретко заболуваат
Објавено во: Свет 26 Февруари, 2020
Девојче од Италија, кое има четири години е заразено со коронавирус, пренесоа денес италијанските медиуми.
Тоа доаѓа од местото Кастиљоне де Ада во Ломбардија, едно од десетте места кои се наоѓаат во црвена зона.
Девојчето е хоспитализирано, има благи симптоми на грип и не е во сериозна состојба,
Се претпоставува дека вирусот го добила во болницата во Кодоња, кога таму бил хоспитализиран првиот познат заразен во Италија.
Црвената зона во северна Италија ја чува полиција 24 часа дневно, за да се спречат неконтролирани излегувања и влегувања од подрачјето на епидемијата.
Според достапните податоци, село со околу четири илјади жители е најпогодено од ковид 19 бидејќи моментно се заразени околу 40 лица.
Децата поретко заболуваат од коронавирусот а засега не е целосно јасно зошто.