25 Април, 2024
0.1016

Прво прототип решение за одгледување на свежи зачини во „ХОРЕХА“ секторот

Објавено во: Мои пари 13 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Студентите кои учествуваа во седумдневната летна работилница во Јавна соба изработија прототип на мобилна вертикална градина за одгледување на зачини, решение кое може да прерасне во производ кој ќе биде ползуван во ХОРЕКА (хотели, ресторани и кафилиња) секторот. 

Во периодот од 1.- 7. јули, осум студенти од Архитектонски факултет и факултетот за дизајн на мебел и ентериер, двата од Скопје, работеа по налог на Јавна соба и успеаа да изработат мобилна вертикaлна градина за одгледување на зачини. Прототипот е изработен  под менторство на Лаурент Вие Лапонте и Роби Вајл, двајцата од студиото Милиметарсеконде, специјализирано за производи од дрво. Престојот и работењето на менторите е поддржано од регионалната програмата за развој на млади претприемачи во креaтивните индустрии од страна на Swiss Contact.

Мобилната вертикална градина ќе биде доработена и како финален прототип ќе биде изложена на овогодишното издание на Skopje Design Week, од 21. до 25. ноември на повеќе локации низ Скопје.

Учесници  во работилницата и изработувачи на мобилната вертикална градина се:Бисера Саздовска, Ива Савиќ, Петар Буневски, Сандра Трајковска, Емилија Ѓорѓиоска, Сара Алаѓозовска, Елена Настеска, Елена Невеновска.

Јавна соба во соработка со Swiss Contact во период септември – декември, 2018 ќе одржи 3 научно-практични работилници во областа на продукт дизајн.



Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет