19 Септември, 2020
0.0451

Првото издание на Flipbook Film Festival ќе се одржи од 7 до 9 август 2020 година во МКЦ

Објавено во: Мои пари 03 Август, 2020

„Flipbook Film Festival„ е настан за промовирање на уметноста на современиот европски авторски анимиран филм, но и промовирање на македонски авторски филмови и македонски студентски филмови. Првото издание на Flipbook Film Festival ќе се одржи од 7 до 9 август 2020 година во МКЦ, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за филм. 

Од пристигнатите повеќе од илјада кратки филмови од цела Европа, беа селектирани вкупно 87 филмови во три натпреварувачки програми и панорама на европски анимиран филм. Во главната селекција на најдобар анимиран филм ќе се натпреваруваат 25 наслови, најдобрите европски остварувања од минатата година, меѓу кои победници на Санденс, Берлинале, Анеси, номинирани за Оскар. Во категоријата за најдобар студентски анимиран филм ќе се натпреваруваат вкупно 25 филмови. Оваа категорија е посебно интересна бидејќи авторите своите филмови ги прават за време на своето студирање на европските филмски академии и можат да си дозволат целосна авторска слобода и експериментирање со медиумот. Ќе бидат прикажани филмови од најдобрите европски школи: хрватската, белгиската, чешката, француската. Новина за македонската публика е натпреварувачката селекција на анимиран документарен филм, хибридна филмска форма која во последните десетина години зазема се позначајно место во изразот кај многу документаристи и аниматори. во главната, студентската селекција и во панорамата ќе бидат прикажани дури осум македонски анимирани филмови, повеќето премиери за македонската публика. Во фестивалските денови ќе имаме можност, меѓу другите, да ги гледаме новите филмови на Иван Андреевски, Вук Митевски, Саша Станишиќ и студентските филмови на Сандра Јовановска и Кристијан Савиќ.

Покрај физичкото издание на фестивалот, со бесплатни филмски проекции и изложба на цртежи од анимирани филмови, на отворено во паркот на Младинскиот Културен Центар, заради ситуацијата со корона вирусот, Flipbook Film Festival ќе има и онлајн издание. Од 7-9 август македонската публика ќе има можност, бесплатно, на платформата Cinesquare, да ги гледа сите филмови, да гласа и да ја додели наградата за Најдобар анимиран филм од онлајн публиката, а ќе бидат одржани и онлајн работилници за сценарио, продукција и пост-продукција на анимиран филм.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ ОДРЖИ „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА - СПОРТСКА АВАНТУРА

ЌЕ СЕ ОДРЖИ „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА - СПОРТСКА АВАНТУРА

Рудник САСА ги презема сите мерки за сигурност и заштита на животната средина

Рудник САСА ги презема сите мерки за сигурност и заштита на животната средина

УСАИД ќе го поддржи бизнис-растот во областите туризам, земјоделство и производство

УСАИД ќе го поддржи бизнис-растот во областите туризам, земјоделство и производство

Наставата на „Меѓународниот Балкански Универзитет“ започнува на 5 октомври

Наставата на „Меѓународниот Балкански Универзитет“ започнува на 5 октомври

Улогата и потребата на науката и научните докази денес

Улогата и потребата на науката и научните докази денес

АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ОТВОРА НОВ ПОСЕБЕН ПРОСТОР ЗА ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19

АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ОТВОРА НОВ ПОСЕБЕН ПРОСТОР ЗА ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД-19

Во Европа 83, а кај нас 77 проценти од вкупниот патнички сообраќај е со автомобили

Во Европа 83, а кај нас 77 проценти од вкупниот патнички сообраќај е со автомобили

Телефон кој долго се очекуваше - Samsung Galaxy Z Fold2 пристигна во Македонија

Телефон кој долго се очекуваше - Samsung Galaxy Z Fold2 пристигна во Македонија

По петти пат филмски фестивал КИНЕНОВА – Од 8-ми до 18-ти октомври филмски од дома

По петти пат филмски фестивал КИНЕНОВА – Од 8-ми до 18-ти октомври филмски од дома