18 Април, 2024
0.0250

Јубилеен 10. Фестивал на младото вино во „Тиквеш“

Првото вино од годинешната берба наговестува добра винска година

Објавено во: Мои пари 16 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Винарската визба „Тиквеш“ го организира десетиот Фестивал на младо вино, на кој традиционално голем број јавни личности, соработници на винарницата, претставници на дипломатскиот кор, институциите, бизнис секторот и на медиумите од земјава и регионот, за првпат го пробаа младото вино од годинешната берба.

Според првите оценки на енолозитеи присутните на овој реномиран настан, вината од годинешната берба располагаат со одлични карактеристики и предиспозиции за многу нови медали, признанија и високи оценки на реномирани светски вински натпревари, со што ќе го потврдат и надминат успехот од минатите години.

Инаку, оваа година поминува во знак на обемните инвестиции на „Тиквеш“, насочени пред сé во проширување на сопствените лозови насадисо нови 140 хектари, со цел понатамошно зајакнување на портфолиото на вина од премиум сегментот, што ќе овозможи да се зацврстат и унaпредат постојните пазарни позиции, особено на најзначајните светски пазари. Дополнително, винарницата инвестираше и близу еден милион евра во нов логистички центар со кој се зголемува ефикасноста во дистибуцијата и достапноста на виното на домашниот пазар.

И оваа година, согласно својата трајна определба за општествено одговорно делување, „Тиквеш“ им овозможи на сите посетители на Фестивалот да дадат свои парични донации, кои заедно со дополнителни финансиски средства што ќе ги одвои компанијата, ќе бидат наменети за изградба на детско игралиште во Кавадарци.

Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ се одржува секоја година во третиот викенд од месец ноември, истовремено со останатите фестивали ширум светот посветени на младото вино од последната берба. Овој фестивал е прв и единствен од ваков карактер во нашата земјаи има значајна улога во градењето на винската култура и создавањето сопствена традиција на евалуација на виното од последната берба, како што е случајот во многу други земји - производители на вино.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година