ПСИХОЛОЗИ ЗА НАПАДОТ НА ПОЛИЦАЈКАТА ВО БЕЛГРАД: Еве зошто луѓето ги осудуваат лицата во униформи
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2020
Случајот со напад кој се случи на пазар во Белград , потегна многу прашања а едно од нив е зошто граѓаните имаат речиси амбивалентен однос кон униформите, кога службеници ги извршуваат своите редовни работи, а ги слават само во херојски потези во спасување животи.
-Луѓето имаат отпор кон нормите, законите и прописите, што јасно ги покажуваат кон униформираните лица. Најчесто тоа се негативни ставови засновани на предрасуди, па многумина дури и несвесно искажуваат „омраза“. Физичката пресметка која настапи помеѓу продавачка и комунална полицајка е за секаква осуда и такво нешто не смее да се случува-рекла за српските медиуми социјалниот психолог Весна Томиќ.
Психологот Зоран Мустеровиќ пак објаснил дека пресметката добила личен тоналитет, бидејќи надлежните во униформа не се доживеани како претставник на правдата, туку како извор на закана:
-Пресметката не претставува борба на надлежниот и граѓанката која го крши законот, туку борба за лична егзистенција со некој кој тоа го загорзува. Мислам дека би можел да биде и некој друг на местото на комуналната полицајка, а поентата е дека таа го загрозила постоењето на продавачката што ескалирало во физичка пресметка-рекол Мустеровиќ.
Инаку, ова не е прв пат сограѓаните да покажат одредена доза на агресија кон комуналните полицајци, а дека е зголемен бројот на напади врз нив потврдил и Мустеровиќ кој рекол дека „таквиот став потекнува од длабокото наследство и вкореното верување дека должност на полицијата е да осудува“.
Главна причина: Лошо воспитување
Исто така во ситуации кога надлежните, а посебно полицијата, заслужуваат пофалби, често повторно наидува на отпор кај граѓаните:
-Полицијата и кога ќе направи нешто добро, наидува на осуда од граѓаните, а тоа е последица на длабока „омраза“ која со децении се таложи. Уште како мали не заплашуваат со полиција, а тоа е голема грешка на родителите која довела во тоа во неа да не гледаме поддршка, помош и некој на кој може да сметаме, туку механизам кој казнува. Тоа е погрешен пристап-објаснил Мустеровиќ, пренесе српски курир.