28 Март, 2024
0.0125

ПЦЕР бара Велјановски да го свика Собранието за да не дојде до вонредна состојба

Објавено во: 17 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Партијата за целосна еманципација на Ромите, го прашува претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски дали треба да има вонредна состојба за да го свика Собранието.

Што треба народот да  протестира секој ден, да влезе во Собрание и вие тогаш ќе прогласите вонредна состојба ,но тогаш вие нема да ја закажете седницата, велат од ПЦЕР.

„Тогаш народот ќе одлучува што и како понатаму, па затоа ве повикуваме на време да закажете Собраниска седница за да не дојде до вонредна состојба. Тоа можете да го сторите оти пратениците не се разрешени туку се распуштени, како што тоа се случува и за годишните одмори“ - пишува во соопштението од ПЦЕР.

Од ПЦЕР додаваат дека ако Парламентот е распуштен тогаш и Велјановски е не е веќе претседател, бидејќи како што велат и тој е избран како пратеник од народот на Република Македонија. Од партијата бараат одложување на изборите.