19 Април, 2024
0.0281

Публицис Македонија одбележа 25 години постоење со промоција на „Авантурите на До“ детска книга која нè учи да ги сакаме различностите

Објавено во: Мои пари 28 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

„Авантурите на До“ е најновата детска книга со која се збогатува македонската културна ризница, а која вчера беше промовирана во Концепт 37.

Идејата за оваа книга  доаѓа од маркетинг агенцијата Публицис Македонија, која минатата година прослави 25 години од своето постоење. Автор на приказната е Билјана Црвенковска, а илустрациите се на Иван Петрушевски кој е дел од креативниот тим на Публицис Македонија. Оваа иницијатива е дел од глобалната мисија на Публицис групацијата која под своето мото “Viva la Difference” се залага сите во светот да имаат еднакви можности без дискриминација по кој било основ, вклучувајќи пол, раса, социјален статус, сексуална ориентација, националност или религија.

Промотор на книгата беше актерот Сашко Коцев, кој во таа прилика кажа: добиваме една интересна и забавна книга која нè учи колку сите ние сме различни, и дека дружењето со различни деца е вистинско богатство со кое се стекнуваме од најрана возраст. Дека правилната едукација во раното детство е од критична важност за поставување во иднина на темелите за концептот на еднаквост и прифаќање на различностите. Односот кон книгата треба да се гради од најмала возраст, а со читање стануваме подобри луѓе, добиваме ширина во карактерот.

Според Александра Дилевска Симова, генерален менаџер на Публицис Македонија и Хрватска, книгата ,,Авантурите на До”, e детска книга која ја слави различноста, еднаквоста и инклузијата, и која ќе им помогнеме на децата, да разберат и научат дека  различностите се убави, и дека сите сме еднакви, исто вредни и важни.

За Публицис славењето на различностите значи поттикнување убава енергија, иновативност и прогресивност во секое поле на делување. Истовремено спротивставување кон растечката нетолеранција по различни основи, и борба против дискриминацијата и предрасудите во општеството, со цел создавање на поотворен и инклузивен свет.

“Авантурите на До” е книга за несовршеното дете До и неговите авантури, која преку различни приказни раскажува како тоа се соочува со различностите и како го создава својот свет на пријатели.

Издавач е Бегемот. „Авантурите на До“ веќе е преведена на неколку јазици и дистрибуирана во канцелариите на Публицис во Адриатик регионот, Полска, и Грција, а наменета е првично за вработените и нивните деца, за клиентите, соработниците и пријателите на Публицис и нивните деца. Во тек е превод и дистрибуција на книгата на неколку други европски јазици.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ