21 Април, 2025
0.0248

Пуч во МТВ: Колегиумот ја обвини Аргирова за непрофесионалност со Јанева

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2016 22:06

Добивај вести на Viber

Програмскиот колегиум на МТВ излезе со соопштение во кое оди контра главната и неодамна поставена уредничка Санта Аргирова која ја посочи за главен виновник за „фијаското“ со интервјуто со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Тие посочуваат дека лошата реализација е од вештачкото билдање на програмата која не смее да и се случи на Аргирова како уредник која не се консултирала со Колегиумот и интервјуто го продуцирала инкогнито.

„Иако одговорниот уредник, пред една недела беше известен дека постои желба да се направи интервју со г-ѓата Јанева, сепак уредничката Аргирова сосема недоследно и без одобрение на Колегиумот на Првиот програмски сервис, на своја рака го продуцираше интервјуто и без консултација со Колегиумот го емитуваше истото, за потоа да следат лавина од реакции за тоа како било сработено? Се разбира и уредничкиот Колегиум на МТВ1 имaше прашања кои сакаше да ги постави до обвинителката Катица Јанева, но завршеното инкогнито интервју не претече сите, надвор од нормалните и професионални принципи на работа (пријава на интервју на колегиум, план за реализација и продукција и емитување на истото). Овие работи повеќе и ги нема како реалност во МТВ, по преземањето на уредничкото место во Информативната програма. Ако ништо друго, очекувавме, барем консултација по однос на содржината и монтажата на истото. И повеќе од убедени сме дека така измонтираното и реализирано интервју не му е местото на ниедна телевизија. Но на желбите и нарачките им нема крај, велат од Програмскиот колегиум.

Првиот програмски сервис на МРТ смета дека треба да се извини на гледачите за објавеното интервју и недоследностите кои излегоа од него, но не дава конкретен одговор како е дозволено да протече снимката од немонтираниот материјал во кој обвинителката прави неколку грешки при одговарањето на прашањата што е речиси вообичаено за секој со мало искуство пред камерите или медиумските активности. 

Ваквото соопштение на Колегиумот 'чии членови не се идентификуваат со име и презиме, а директно ја обвинуваат својата уредничка покажува недозволена доза на нелојалност, вистински Пуч во јавниот сервис кој треба да се решава зад затворени врати за што самата МТВ има соодветни органи и процедури. 

Ако се анализира емитуваното во етерот се забележува дека Катица Јанева не е вешт оратор, но никој и не очекува таа да биде „силна“ на вилици. Прашањата беа пристојни со доволна доза на новинарска провокативност иако немаше потпрашања и новинарски „дуел“ со соговорникот. 

Да потсетиме дека секогаш кога во вестите на МТВ гостувале државни функционери никогаш и немало никаков степен на новинарска провокација, потпрашања и судир на ставови и аргументи од страна на уредниците и новинарите на МТВ, па затоа изненадува и ваквото реагирање на „Колегиумот“.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ: „Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност“

СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ: „Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност“

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ СЕ ПРОСТИ ОД ПАПАТА: „Еден од поинтересните и невообичани понтефикати беше 266-от понтификат на Хорхе Мариа Бергољо“

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ СЕ ПРОСТИ ОД ПАПАТА: „Еден од поинтересните и невообичани понтефикати беше 266-от понтификат на Хорхе Мариа Бергољо“

ВДИШАЛЕ ЧАД И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА: Пожар во стан во Аеродром

ВДИШАЛЕ ЧАД И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА: Пожар во стан во Аеродром

ДОПРВА СЕ ОЧЕКУВААТ ГУЖВИ: Сега за сега на табановце и Богородица се чека по 20 минути

ДОПРВА СЕ ОЧЕКУВААТ ГУЖВИ: Сега за сега на табановце и Богородица се чека по 20 минути

„НЕШТО МИ ЗБОРУВА ДЕКА ВАКОВ ПАПА ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАТИКАН ПОВТОРНО“: Ванковска за папата Франциск

„НЕШТО МИ ЗБОРУВА ДЕКА ВАКОВ ПАПА ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАТИКАН ПОВТОРНО“: Ванковска за папата Франциск

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања