29 Септември, 2024
0.0262

ПУИГ започна со продажба на имот од катните гаражи, деловна просторија има нов сопственик за милион евра

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (поранешен ПУИГ), по објавениот оглас од страна на претпријатието на 17 ноември 2022 за продажба на деловните простории во катната гаража „Солунски конгрес“ по пат на електронско јавно наддавање, го продаде ресторанот-видиковец на најгорниот кат за 59,5 милиони денари.

Станува збор за простор со надворешен и внатрешен дел со вкупна површина од 595 метри квадратни од катната гаража што се наоѓа во центарот на Скопје на кејот на реката Вардар до АД МЕПСО. Според тоа, еден метар квадратен е продаден за 1.625 евра.

- По објавен оглас  за продажба на  два деловни простора во катната гаража “Солунски конгрес’’со која стопанисува АДИССДП , беше спроведено  електронско јавно наддавање, на кое право на учество имаат  физички и правни лица кои согласно условите на објавата  аплицираа за секој деловен простор поединечно. За едниот од двата простора немаше пријавено заинтересирани лица , а за вториот аплицираше еден понудувач. Иако согласно  правилата на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории, сумата која што ќе се постигне на првата објава, при наддавањата може да девалвира до  30 отсто ,а на наредната  до 50 отсто,  конечната цена беше постигната уште на првата објава и  таа изнесува  59.516.202,оо денари., гласи одговорот кој го добивме од акционерското друштво.

Од таму додаваат дека купувачот не може да биде објавен затоа што имотот не е на државата, туку на друштвото. Според регистарот на катастарски парцели, може да се види дека нов сопственик на просторот е АИМ Манагемент Доооел Скопје, компанија која се занимава со архитектура и градежништво.

АДСДП, покрај „Солунски конгрес“, во центарот на Скопје поседува уште три катни гаражи како посебни подружници - „Разловечко востание“, „Смилевски конгрес“ и „Кресненско востание“. „Солунски конгрес“ беше пуштена во употреба во 2014 како прва автоматизирана катна гаража и тогашна инвестиција од 5,5 милиони евра.

Акционерското друштво, со дозвола од Владата, го продава и деловниот простор од долниот кат, првично наменет за кафе ресторан, со површина од 666 метри квадратни. Цената засега е предвидена на околу 98 милиони денари (1,6 милиони евра).

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?