Пука ли „Росњефт“ во празно: Пари легнуваат на контото на рускиот нафташ
Објавено во: Економија 24 Април, 2019
Венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА побарала од најмалите двајца клиенти уплатата за нафта да ја вршат преку рускиот државен енергетски гигант „Росњефт“ .
Тоа за агенцијата Ројтерс го изјавил неименуван извор во компанијата ПДВСА, кој рекол дека таа компанија се одлучила на овој потег поради американските санкции.
Русија ги смета американските санкции незаконски и јавно соопшти дека ќе го продолжи бизнисот со Венецуела.
Меѓутоа, „Росњефт“ за британска агенција ги негирал податоците дека е посредник при уплатата за компанијата ПДВСА. САД воведоа во јануари санкции за Венецуела.
Венецуела падна во длабока политичка и економска криза, посебно откако опозицискиот лидер Хуан Гваидо во почетокот на годината се прогласил за привремен претседател.
Гваидо го поддржуваат САД и многу други западни земји, додека Николас Мадуто има поддршка од Кина, Русија и Куба.