ПУКАЊЕ ВО БЕРЛИН: Еден загина, има и повредени
Објавено во: Свет 15 Февруари, 2020
Во пукање пред локал во Берлин, едно 42 годишно лице е убиено, а четири се повредени.
Инцидентот се случил на отворен простор пред клубот Темподром, каде во тој момент се одржувала поголема турска стенд ап комедија.
Портпаролката на обвинителството Мона Лоренц изјави дека едно или повеќе лица синоќа пукале пред локалот Темподром во центарот на грдот и потоа побегнале.
Дел од повредените се во тешка состојба. Лоренц не можеше да потврди дали сите повреди настанале од куршуми, пренесува новинската агенција Бета повикувајќи се на АП.
Полицијата не знае кој бил мотивот за нападот, но објави дека не делува дека има поврзаност со тероризам.