ПУКАЊЕ ВО ЏАМИЈА ВО ОСЛО: Еден човек е убиен
Објавено во: Свет 10 Август, 2019
Еден човек е убиен во пукање во џамија во предградие на Осло.
Инцидентот се случил денеска во џамија во општината Берим во близина на Осло, при што едно лице е убиено, а сторителот е уапсен, сооопшти полицијата.
„Берум. Исламски центар ал-Нур. Во џамијата се случи пукање. Еден убиен. Еден ранет. Злосторникот е ранет. Полицијата работи на местото на злосторството. Ништо не укажува на тоа дека во инцидентот биле вклучени повеќе лица. Штетата (од пукањето) е непозната“, стои во информацијата од полицијата.
Според извештајот на телевизијата NRK, во џамијата биле пронајдени неколку единици оружје.