ПУКАЊЕ ВО ТЕТОВО: Оштетени се прозорците на теолошкото училиште
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2021
Пукање имало во Тетово, при што се оштетени прозорците на теолошкото училиште.
Во полиција денеска околу 9 часот е пријавено дека изминатата ноќ, засега непознат сторител, со истрели од огнено оружје оштетил неколку прозорци од објектот на Средното теолошко училиште „Медреса Иса Беу“, кој се наоѓа на улица „Пробиштипска“ во Тетово. Оштетени се прозорци на првиот и погорните катови.
Увид извршила екипа на СВР Тетово. Пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење се неколку проектили и чаури.