СТРЕЛАНО СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ВО АВИОН НА КРОАЦИЈА ЕРЛАЈНС? Летал од Загреб за Сараево, во тек е опсежна истрага на пистата

Објавено во: Балкан 23 Јуни, 2022
Авионот на „Кроација ерлајнс“ кој синоќа слета на пистата на
меѓународниот аеродром во Сараево од Загреб, е оштетен и се претпоставува дека е тоа е предизвикано
од огнено оружје, дознава Клик.ба.
Пилотот кој управувал со авионот при пристигнувањето на сараевската писта пријавил оштетување на трупот на авионот, а според првите неофицијални информации штетата настанала од пукањето.
За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек.
Како што наведуваат медиумите, по добиените информации од спроведента редовна контрола на авионот на сараевскиот аеродром, кој допатувал со лет од Загреб, констатирано е оштетување на трупот на авионот, кое најверојатно е предизвикано од куршум од огнено оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството наБиХ побара истрага од страна на истражниот тим, во присуство на службеници од Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ“.
Треба да се напомене дека безбедноста на патниците за време на летот не била загрозена, а со детален преглед ќе се утврди видот на штетата како и безбедноста на леталото за понатамошна воздушна пловидба. Засега не е познато каде е оштетен авионот и како дошло до инцидентот.
ФОТО: EPA/ANTONIO BATМожеби ќе ве интересира
ЕВЕ ШТО МУ ТЕКНА НА СОПСТВЕНИК НА ЛОКАЛ ВО ПРИШТИНА - Забранет влез за граѓани од ЕУ без косовски визи

НЕ, ОВОЈ ЦЕНОВНИК НЕ Е СНИМЕН ВО ЊУЈОРК, ЛОНДОН ИЛИ ДУБАИ - туку во една соседна држава, еве на која плажа
ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈОПАСНИ ПЛАЖИ ВО ГРЦИЈА - туристите ги сакаат, ама внимавајте, Горан едвај останал жив

(ВИДЕО) ВЕТЕРОТ КОРНЕШЕ ДРВА, ПОПЛАВЕНИ МОСТОВИ - силно невреме ја погоди Војводина
КОРОНАТА ПАК ТРОПА НА ВРАТА - во Хрватска денеска над 1.000 заразени

ПРИЈАТЕЛ НА МАТЕЈ ПЕРИШ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА - знаев дека таа кобна ноќ тој „зеде нешто“, изгледа дека тоа го чинеше живот

НАШИТЕ БРАЌА И ПРИЈАТЕЛИ ИМАА ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА, А ТИЕ НЕ СЕ ИСПОЛНИЈА - Вучиќ со критика до Европа: Со години велеа дека не им треба нов Кипар, а сега примаат тројца Кипрани

ЕДИ РАМА ПОВТОРНО ОСТАР КОН ЕВРОПА - со кандидатскиот статус на Украина и давате само една антидепресивна таблета

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА СРПСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СЛУЖБИ, СЕ АПСАТ И ВИСОКОРАНГИРАНИ ПРИПАДНИЦИ НА ВОЈСКАТА - преку јавна набавки „лапнале“ милиони
