24 Април, 2024
0.0281

Пушењето цигари во комбинација со загадениот воздух ќе си го земат „данокот“

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Пушењето цигари во комбинација со дишењето на загаден воздух ќе го земат својот „данок“ по здравјето на луѓето, тврдат лекарите.

Македониja во зима има екстремно загаден воздух, но и во лето не може да се пофали со иделно чист воздух, затоа што неодамна Скопје беше 25-ти најзагаден град во светот на листата на  air visual.  Ова носи сериозни последници по здравјето на луѓето.

„Секако дека тоа ќе се одрази на здравјето на луѓето. Луѓето кои пушат, а се знае дека сите дишеме загаден воздух, имаат поголем ризик да заболат од рак на белите дробови, да добијат астма, хронични болести, болести на дишните патишта. Луѓето кои не се пушачи во текот на зимата исто како да испушиле 7 цигари поради аерозагадувањето, но оној кој пушти 20 цигари и плус тие 7, секако дека има двојно поголем ризик да се соочи со некоја болест. Воздухот е штетен за трудниците и заедно со лошата исхрана, доведува до почести спонтани абортуси. Мерки треба да преземе државата, затоа што на запад тоа го прави државата и нема проблеми“, вели Љупчо Арсовски, општ лекар.

Тој смета дека во затворени простории и понатаму не треба да се дозволува пушење, со цел да се заштити здравјето на луѓето кои не пушат. 

Речиси половина Македонци се активни пушачи. Ова го покажа Извештајот за употреба на психоактивни супстанци од возрасното население во Македонија, кое во 2017 година беше презентирано на Институтот за јавно здравје. Според резултатите, активни пушачи се 46 отсто од возрасните и 40,2 отсто од младите.

Во текот на зимата, што се однесува до воздухот, Скопје се искачи и на првата позиција, а често пати беше во топ 10 најзагадени градови. Во неколку македонски градови воздухот буквално „убива“ за што е укажано и од меѓународни организации. Балканот во Европа е лидер по загаден воздух.


Вчера Скопје беше на 46 позиција меѓу најзагадените градови, додека од Балканот, Сараево беше на 8 место.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира