ПУШКАТА ЈА НОСИ ПРЕКУ РАМЕНАТА И МИРНО ШЕТА НИЗ ТРГОВСКИОТ: Ова е напаѓачот во Копенхаген
Објавено во: Свет 04 Јули, 2022
Веднаш по пукањето, на социјалните мрежи се појавија слики и
видеа од моментот кога вооружен маж минува низ трговски центар во Данска со
пушка преку рамо пред да отвори оган врз невините случајни минувачи, пишува
Дејли Меил.
Меѓу загинатите има 47-годишен маж и двајца малолетници, 17-годишно момче и девојка, соопшти полицијата, додека 22-годишен маж, етнички Данец, е уапсен. Инспекторите велат дека човекот работел сам, а не е исклучен тероризмот како мотив.
Полицијата одби да го открие идентитетот на напаѓачот, само ја потврди неговата националност, етничка припадност и возраст во согласност со данските закони за приватност, но постојат сомневања дека сторителот неодамна објавил повеќе видеа на Јутјуб со наслов „Не ми е гајле“, пишува Дејли Мејл.
Во меѓувреме, снимката од мобилниот телефон од трговскиот центар го покажува осомничениот како држи скандинавска пушка, оружје што го користат нордиските спортски стрелци и наводно истото оружје што се појавило на неговите видеа на YouTube. Според полицијата, убиецот е белец кој ја поддржувал данската екстремно десничарска, антиисламска партија позната како Тврда линија.