25 Април, 2024
0.1576

Путин бара санкции за земјата каде беше навредуван

Објавено во: Свет 09 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Рускиот парламент бара воведување санкции на Грузија.

Рускиот парламент денес едногласно ја поддржа резолуцијата со која се повикува владата да наметне строги економски санкции за Грузија.

Москва во последниве неколку недели се жали на антируските протести во Грузија и во понеделникот ја осуди вулгарната тирада против претседателот Владимир Путин на грузиската телевизиска станица, нарекувајќи ја неприфатлива провокација на радикалните политички сили во оваа поранешна советска република, пренесе Ројтерс.

Кремљ веќе одговори на настаните суспендирајќи ги патничките летови меѓу двете земји, потег што се заканува да го загрози туризмот на Грузија со оглед дека преку милион Руси годишно ја посетуваат земјата.

Долниот дом на рускиот парламент Дума денеска информираше дека сака Москва да отиде подалеку и ѝ препорача на Владата да воведе економски санкции на Тбилиси.

Пред две недели избија протести во Тбилиси поради посетата на руски пратеник при што многу демонстранти се лути поради континуираното присуство на руските трупи на грузиска територија.

Грузија, сојузничка на САД, се бореше и изгуби во кратката војна против Русија во 2008 година.

Оттогаш, земјите немаат дипломатски односи, а Русија ја призна независноста на двата отцепени грузиски региони, Јужна Осетија и Абхазија, каде што сега се наоѓаат руски војници.

Водителот на телевизискиот канал Рустави 2, Џорџи Габунија го нарече Путин изрод, но кон него упати и други погрдни зборови. 

Можеби ќе ве интересира

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму