ПУТИН ДОБИВА РАЗНИ ПОДАРОЦИ ЗА РОДЕНДЕН, НО ЕДЕН ПОСЕБНО ГО ИЗНЕНАДИЛ: Нешто еротско за лидерот на Кремељ
Објавено во: Свет 07 Октомври, 2022
Путин денеска го слави својот 70 роденден, често добива
книги на подарок, но една година се многу се изненадил
кога добил еротски календар.
Владимир Путин денеска го слави својот 70-ти роденден и ќе го помине напорно. За денеска се договорени неколку состаноци и меѓународни видео повици, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Кога станува збор за подароци, Путин најчесто добива книги, пренесува Iz.ru. За еден роденден ја доби книгата „100 вицови за Путин“. Потоа рече дека го цени добриот хумор и дека се ќе чита.
Во претседателската библиотека во Кремљ, каде се чуваат подароците, денеска има околу 13.000 книги, од кои најголем дел му биле подарени на Путин, додека дел на Медведев и Елцин.
Според Iz.ru, еден од „позачинетите“ подароци што ги добил Путин е еротски календар со фотографии во долна облека што ги направиле студентите по новинарство во Москва за Путин.
Вреди да се напомене дека Путин ретко успева да го прослави роденденот на вообичаен начин за обичните луѓе, пишува овој портал, наведувајќи ретки примери на „вообичаени родендени“ на Путин.
ФОТО: EPA