Путин ги терал компаниите да објавуваат убави вести за Русија
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2017
По започнувањето на медиумска војна меѓу Раша Тудеј и CNN, американската ТВ мрежа објави наводен документ изготвен од власта на Путин во кој на руските бизнисмени им се наложувало да објавуваат убави вести во медиумите кои во позитивно светло ќе ја прикажат Русија.
Во фокус требало да бидат новите работни места, научни достигнувања и нова инфраструктура, особено оние што вклучуваат државна поддршка. Исто така, детално се објаснува како треба вестите да бидат презентирани, со даден рок од една седмица за нивно објавување.
Инструкциите биле испратени минатиот месец од страна на Министерството за енергетика до 45 компании во рускиот енергетски и комунални сектор.
„Животот за мнозинството луѓе стана помирен, поудобен, поатрактивен. Но, многу такви примери честопати не го добиваат потребното внимание на медиумите ", се наведува во првиот документ. „Наша задача, преку креативен и макотрпен пристап, е да изберете такви теми и теми и да им ги понудиме на медиумите“, се наведува во документот со инструкции.
Владините служби за односи со јавност на Русија соработувале со одделите за ПР со државните компании и големите приватни компании да создадат слика на квалитетни промени во руската економија. Од Кремљ засега нема коментар на сторијата на CNN.