25 Април, 2024
0.0284

ПУТИН ИМ ВРАТИ НА СВЕТСКИТЕ ЛИДЕРИ, тоа би била одвратна глетка

Објавено во: Свет 30 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Доколку лидерите на Г7 би ја соблекле облеката на самит во Германија, тоа би било „одвратна глетка“, смета рускиот претседател Владимир Путин. 

Лидерите на Г7 додека позираа за заедничка фотографија, се пошегуваа околу склоноста на Путин кон фотографии без маица, на што рускиот претседател жестоко возврати.

- Не знам како планирале да се соблечат, над или под струкот - рече Путин пред новинарите при својата посета на Туркменистан, но, според него, „во секој случај тоа би била одвратна глетка“.

Путин потоа ги советуваше лидерите на Г7 дека е потребно вежбање и помалку пиење за постигнување хармонија меѓу телото и душата, јави руската новинска агенција Тасс.

Британскиот премиер Борис Џонсон во неделата, додека седеше заедно со своите колеги, лидери од Г7, праша дали треба на фотографијата да биде со палто.

– Мораме да покажеме дека сме поцврсти од Путин - додаде Џонсон.

Премиерот на Канада, Џастин Трудо тогаш се пошегува дека за тоа би било потребно „да јаваат коњи голи до струкот“, мислејќи на честите пози на Путин за „мачо“ фотографии, како кога јава коњ без маица. 

Погледнете го видеото од средбата на лидерите на Г7.



Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек