Путин има план: Нафтата би била под 35 долари за барел?
Објавено во: Економија 10 Октомври, 2017
Русија и Саудиска Арабија заработиле по 40 милијарди долари од договорот помеѓу членките и нечленките на ОПЕК од 2016.
„Меѓународните напори за стабилизирање на цената на нафтата се покажале како плодноносни, зголемувајќи ја цената на нафтата на над 55 долари за барел. Веруваме дека, без тој договор, цените сега би биле под 35 долари за барел“, изјавил директорот на Рускиот фонд за директни иневстиции, Кирил Димитријев за ТВ канал Русија24.
Тој го пофалил договорот од 2016 година, кој, како вели, ја „генерирал довербата меѓу нациите и покажал дека со заеднички сили може да се постигнат значајни и сериозни резултати“.
Договорот за намалување на производството на нафта останува продолжен до април 2018 година, но неговата иднина после тоа останува неизвесна, оценува Раша тудеј.
Претседателот на Русија Владимир Путин минатата недела наговестил дека тој договор би можел да биде продолжен до крајот на наредната година.