27 Мај, 2022
0.0240

„ПУТИН ИМА РАК НА КРВТА“-ПРОТЕКОА АУДИО СНИМКИ: Руски олигарх близок на Кремељ со вакво тврдење

Објавено во: Свет 13 Мај, 2022

Со години се шпекулира за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин, а такви шпекулации има се повеќе откако тој нареди инвазија на Украина.

Порталот New Lines сега објави дека дошол до аудио снимка од олигарх близок до Кремљ кој вели дека Путин е „многу болен“ и дека има „рак на крвта“, иако не го прецизира типот на рак од кој  рускиот претседател наводно страда, пренесува Индекс.хр.

До ФСБ беше испратен строго доверлив документ

Олигархот тврди дека „строго доверлив документ“ бил испратен до седиштето на руската безбедносна и разузнавачка агенција ФСБ, како и до сите регионални директори на ФСБ.

Според новинарот на Bellingcat, истражувачката група новинри со седиште во Холандија, Кристо Грозев, испратениот „Документот им наредува на регионалните директори да не веруваат во гласините за здравјето на претседателот“.

„Им беше наложено да дејствуваат против сите такви гласини кои би можеле да се прошират на локалните одделенија на ФСБ. Според извор од една од регионалните единици, кој го видел документот, таквата наредба без преседан имала спротивен ефект бидејќи сега повеќето офицери на ФСБ веруваат дека Путин навистина боледува од тешка болест“, рече Грозев.

Можно е противниците да се обидуваат да го направат ранлив

New Lines ги наведува неодамнешните промени во физичкиот изглед на Владимир Путин - од начинот на кој тој оди до изгледот на неговото лице, кое е отечено, што може да значи дека зема лекови.

Ешли Гросман, професор по ендокринологија на Оксфорд, изјави за New Lines: „Путин отсекогаш изгледал дека е во форма. Но, во последните неколку години лицето и вратот му изгледаат многу подебели. Тој изглед е компатибилен со употреба на стероиди“.

Си-Ен-Ен потсетува дека таквите тврдења не можат да се проверат, како што наведува „Њу лајнс“, и едноставно може да значат дека оние во Русија кои сакаат да го соборат Путин шират такви гласини за да ги убедат истомислениците дека Путин е ранлив.

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

Нехамер: Путин е согласен за извоз на пченицата, и за размена на воени заробеници

Нехамер: Путин е согласен за извоз на пченицата, и за размена на воени заробеници

Истражување - Колку е човекот поактивен, толку е посреќен

Истражување - Колку е човекот поактивен, толку е посреќен

ЕУ ќе купи вакцини и таблети против мајмунски сипаници

ЕУ ќе купи вакцини и таблети против мајмунски сипаници

Соборот на Украинската православна црква прогласи целосна независност

Соборот на Украинската православна црква прогласи целосна независност

Кличко - Новинарите треба да побараат аудио или видео потврда за ваква ексклузива

Кличко - Новинарите треба да побараат аудио или видео потврда за ваква ексклузива

Предупредување за силно невереме во Европа и Јужен Балкан

Предупредување за силно невереме во Европа и Јужен Балкан

САД со санкции за две руски банки поради поддршката на Северна Кореја

САД со санкции за две руски банки поради поддршката на Северна Кореја

СЗО: Скоро 200 нови инфекции со мајмунски сипаници во над 20 земји

СЗО: Скоро 200 нови инфекции со мајмунски сипаници во над 20 земји

ОХЦР: Над 4.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина

ОХЦР: Над 4.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина