Путин ќе мора да се откаже, Кулеба ги кажа двата услови за мир
Објавено во: Свет 07 Декември, 2022
Украина на маса постави два услова за завршување на војната со Русија.
Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба изјави дека рускиот претседател Владимир Путин пред се’ треба да се откаже од своите планови за инвазија и да ги повлече своите трупи од украинското тло.
„За да заврши војната во Украина мора да се направат две работи – мислењето во Кремљ мора да се промени, а силите, како што е Индија, можат да помогнат во тоа. Москва мора да се откаже од своите воени планови и да се префрли од военохушкачки на мирољубив начин на размислување. Второ, Русија мора да ги повлече своите сили од целата територија на Украина“, рече Кулеба за индискиот информативен канал ‘NDTV’.
Инаку, Украина извесно време поставува услови за да се заврши војната. Украина ги бара своите граници од 1991 година. Русија е расположена за преговори, но досега нема ништо конкретно за прекин на огнот.
Путин денеска изјави дека Москва ќе се обиде да ги брани своите интереси „со сите расположливи средства“, пренесе Ројтерс.
Тој ги даде овие коментари за време на телевизиската сесија на рускиот Совет за човекови права, велејќи дека Западот ја третира Русија како земја од „втора класа“ која нема право да постои.
Фото EPA-EFE/JASON SZENES