Путин ќе се трка за уште еден мандат?
Објавено во: Свет 06 Декември, 2017
Рускиот претседател, Владимир Путин ќе поднесе кандидатура за нов претседателски мандат на изборите во март 2018 година.
„Ќе се кандидирам за местото претседател на Руската Федерација“- изјави Путин, при обраќањето пред работници во фабрика за автомобили во градот Нижњи Новогород.
Тој истакна дека не можел да најде подобро место и подобар момент за да ја соопшти кандидатурата.
Откако ја најави кандидатурата, работниците одлуката на Путин ја поздравија со бурен аплауз, изразувајќи ја својата поддршка.
„Русија ќе оди само напред и во тоа движење никој и никогаш нема да ја запре“- кажа рускиот претседател.
Путин првпат е избран за претседател на Русија во март 2000 година, а во 2004 беше реизбран. Од 2008 до 2012 година ја предводеше руската Влада, а во 2012 повторно стана претседател.