29 Март, 2024
0.0255

ПУТИН ОД ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД ИМ ПОРАЧА НА НОВИТЕ РЕГИОНИ: Русија ви го отвора срцето

Објавено во: Свет 30 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва на собирот одржан на Црвениот плоштад, по повод референдумот за анексија на четири украински региони, изјави дека Русија ќе победи во Украина и им порача на сонародниците од таа земја дека се „добредојдени дома“.

„Русија не само што ја отвора вратата од нашиот дом за нашите браќа и сестри, туку им го отвора своето срце. Добредојдовте дома“, им порача Путин на неколку илјади луѓе собрани на централниот плоштад во Москва.

Шефот на руската држава одржа говор на Црвениот плоштад во чест на резултатите од референдумот за пристапување на Русија во регионите ДНР, ЛНР, Херсон и Запорожје, на кој минатата недела се одржа референдум за пристапување, кој секако Украина и Западот не признаваат.

„Со децении се обидуваа да ја искоренат нивната историска свест од овие луѓе, да ги уништат нивните традиции, да им забранат да зборуваат на својот мајчин јазик, да ја забранат нивната култура - не успеаја. „Овие луѓе ја носеа љубовта кон својата историска татковина во своите срца и ја пренесоа на своите деца“, рече Путин.

„Сега сме посилни бидејќи сме обединети“, ги цитираат западните агенции зборовите на Путин.

Руската анексија на украински територии денеска ја осудија лидерите на западните земји, а Украина официјално побара итен прием во НАТО.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопштувајќи ја таа одлука рече дека Киев е подготвен за разговори со Русија, но не додека Путин е на чело на земјата.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?