24 Април, 2024
0.0267

ПУТИН НАРЕДИ ДЕЛУМНА МОБИЛИЗАЦИЈА: Говорот што целиот свет го чекаше - „И ние имаме оружје за масовно уништување“

Објавено во: Свет 21 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Путин нареди делумна мобилизација

Владимир Путин и се обрати на нацијата и прогласи делумна мобилизација.

„На наша страна се бори професионалната руска регуларна армија, како и војници од други земји. Ќе разговараме за чекорите за заштита на нашиот суверенитет, поддршката, волјата и желбата на нашите граѓани сами да одлучат. За прв пат од почетокот на операцијата, ќе кажам дека имаме позитивни реакции, но Западот не е подготвен за мирно решение“, кажа тој.

Путин потврди дека Русија ќе го поддржи референдумот во четири региони на територијата на Украина:

„Ќе поддржиме референдум за луѓето во тие региони да можат слободно да го изразат своето мислење. Мислам дека ова решение е неопходно за да се заштити нивниот суверенитет. Ќе започнеме и делумна мобилизација. Нагласувам - делумна. Ќе почнеме од денеска“, Путин рече, додавајќи:


„Целта на Западот е да ја уништи Русија и да ја принуди да се бори во различни региони. Тие дојдоа до нашите граници и продолжуваат да ги мразат Русите, особено во Украина. Тие одбиваат мирно решение во Донбас, а нашата специјална воена операција беше неизбежна. Моравме да ја исчистиме областа од нацистите и окупаторските сили“, рече Путин на почетокот на својот говор.

Путин изјави дека Западот сака „да ја ослабне, подели и уништи Русија“, тој додаде дека Западот „отворено кажува дека го скршиле СССР во 1991 година, а сега е време да го сторат истото и со Русија“.

Путин конечно предупреди:

„Имаме и оружје за масовно уништување, помодерно од НАТО. Ако треба да го заштитиме нашиот народ, ќе го заштитиме. Не блефирам!“, рече тој.


Фото и Видео: Твитер

Извор: Мондо

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија