Путин се закани дека ќе нишани кон САД
Објавено во: Свет 21 Февруари, 2019
Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека Русија нема прва да размести ракети во Европа, но дека, ако САД го направи тоа, Москва ќе го сфати како закана.
„Во тој случај Москва ќе биде принудена да размести оружје за да може да гаѓа не само територија каде се разместени ракетните системи, туку и териториите каде се наоѓаат центрите за носење на такви одлуки", рекол Путин.
Тој рекол дека САД во тој случај ќе бидат мета на руски ракети.За повлекувањето на САД од Договорот за ракети со среден и мал дострел - INF, Путин рекол дека од моментот на потпишувањето на тој документ до денес, многу земји работеле на развој на такво оружје, додека Вашингтон и Русија не.
Путин додаде дека САД го прекршиле тој договор за разместување на системот "Еџис Ашор" во Европа, кој е во состојба да лансира "томахавки".